Набрзо по реализирање на првата обука во рамки на проектот “Бизнис Мрежа С-К-К”, на 5ти и 6ти Ноември 2016 година, во Кукуш (Грција), се одржа и дводневна работилница на тема „Национално и меѓународно законодавство за увоз/извоз“.

Работилницата имаше за цел јакнење на капацитетите, создавање на можности за успех на меѓународниот пазар на извозно ориентираните компании, полесен влез на странските пазари и појасен приказ на сите клучни прашања околу меѓународното законодавство за увоз/извоз.

Работилницата беше спроведена од страна на двајца експерти – еден од Р. Грција и еден од Р. Македонија. Двајцата експерти дадоа осврт на најважните прашања кои ги засегаат извозно – ориентираните компании.

На работилницата присуствуваа вкупно 30 учесници односно по 10 претставници од сите проектни партнери.


Извор: www.bc-skk.mk