За проектот

 

Проектот има за цел да ги подобри капацитетите и конкурентноста на МСП од прекуграничниот регион преку воведување на нетехнолошки иновации и да воспостави прекугранична мрежа за размена на искуства, идеи, добри практики и успешни приказни за иновациите меѓу засегнатите страни. Проектот го олеснува пристапот до нови, иновативни практики и процеси за подобрување на потенцијалот за раст на бизнисот. Со цел да се подобри иновативниот потенцијал на МСП, во рамките на проектот предвидено е организирање на серија од тренинг семинари (вклучени во рамките на кампањата за јакнење на капацитетите на малите и средните претпријатија) насочени кон воведување на нетехнолошки иновации во компаниите.

Имплементацијата на иновативни алатки и решенија како што е Виртуелната академија за учење прилагодена на специфичните потреби на малите и средни претпријатија, иновативно он-лајн решение (e-FAIR), ќе го подобрат иновативниот потенцијал на МСП за воведување на нетехнолошки иновации. Дискусионен форум за иновации, Меѓународна конференција и воспоставување на мрежа која ја олеснува размената на искуства, идеи и успешни приказни.